За нас

Кои сме ние

Фирмата РУД-КОП ДООЕЛ Битола е градежна фирма основана 2002 година со околу 10 вработени, за денес истата да брои повеќе од 90 вработени лица и поседува голем број различни видови на градежна и рударска механизација, како и голем број на товарни моторни возила и транспортни средства.

Низ годините опсегот на дејноста е во постојан раст и во овој момент истиот опфаќа рударски активности и услуги за ископ, градежни активности од нискоградба, високоградба и завршни работи во градежништвото, транспортни ускуги и сервисирање на градежна механизација, транспортни и теретни возила.

НАШАТА ПРИКАЗНА

Нашата работа се одликува со висок професионализам, ефикасност, навременост и квалитет. Повеќегодишното искуство во областа на ископите, услугите со градежната механизација и транспортните услуги , како и искусните и добро обучени вработени се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 22 години.

Наша визија е да изградиме претпознатлив бренд во градежништвото со високи стандарди во високоградбата.

Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што сме избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Република Северна Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија од 2018 година до 2023 година.

Стабилноста на нашата компанија е потврдена со постојаното зголемување на нашиот капацитет и проширување на нашите услуги. Ние внимателно следиме и се прилагодуваме на најновите трендови и технологии во градежништвото, со што обезбедуваме врвен квалитет и задоволство на нашите клиенти.

Покрај тоа, посветеноста на нашите вработени и нивната постојана едукација и усовршување се клучни фактори за нашиот успех. РУД-КОП ДООЕЛ Битола останува верна на својата мисија да обезбеди сигурни и ефикасни решенија во градежништвото, со што продолжува да биде лидер во индустријата и пример за стабилност и доверба.

Сето тоа не прави стабилна и конкурентна градежна компанија која секојдневно ја зајакнува својата позиција на пазарот и ја оправдува довербата на клиентите.

Години на пазарот
Вработени лица
Партнери
Задоволни клиенти

Контактирајте не!

Контактирајте не за сите ваши прашања и потреби, ние сме тука да ви помогнеме и да ви понудиме најдобра услуга.

Контакт